Вести Македонија Топ вести

Петличковски во „Топ тема“: Најголем дел од заболените со пертусис се невакцинирани деца на возраст до 5 години

Бројката е ирелевантна и реално е да се очекува зголемување на бројот на случаи на пертусис овие денови и недели, па затоа и Комисијата се одлучи за превентивни мерки, мислам навремени, со цел да спречиме огромно зголемување кое може да биде сериозно и да донесе проблеми какви што ги гледаме во околните земји, изјави проф. д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести, во денешната „Топ тема“ на ТВ Телма. Бројот на случаи со пертусис, сметајчи ги и денешните четири нови случаи, се искачи на вкупно 26 во земјава.

„Најголем дел од заболените лица се невакцинирани деца, но меѓу потврдените случаи има и вакцинирани. Има и некомплетно вакцинирани. Бајголем дел се деца до петгодишна возраст, но потврдени случаи има и кај родени во 1979 година, во 1973 година“, изјави проф. д-р Петличковски.

Моментално, како што додаде, нема информации дека некој од згрижените пациенти е во потешка состојба.

„Најголем дел од нив се дијагностицираат и се испраќаат на домашно лекување“, рече првиот човек на Комисијата за заразни болести.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Силјановска: По политичкиот земјотрес на 24 април, очекувам политички вулкан на 8 мај

Дејан Дејан

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе