Uncategorized Македонија

Без уставна жалба, граѓаните не можат да се жалат пред Уставен суд за прекршување на многу права и слободи

Загадување, прислушување , прекршување на правото на наследство, мајчинство сопственост. Ова се само дел од уставно загарантираните права на граѓаните за кои не можат да бараат заштита пред Уставниот суд, затоа што нема можност за уставна жалба. Стотици барања на граѓаните  изминатите три децении пропаднале пред уставниот суд поради не постоењето на овој заштитен механизам кој би бил и филтер, пред граѓаните да се жалат во Европскиот суд за човековите права, објаснува претседателката на Уставен,  Добрила Кацарска.

Повеќе од 30 години во нашиот правен систем е очигледен еден несмасен системски пропуст, кој задира во темелите на владеењето на правото и ја подрива уставната заштита на граѓаните, рече Кацарска

Во оваа еуфорична атмосфера на пребројување „за и против” отворање на Уставот е важно да се повтори дека со воведување на уставната жалба, придобивки ќе имаат сите граѓани, порача Кацарска .Поради празните ветувања на политичарите кои до сега само декларативно подржуваат воведување на уставна  жалба,  Кацарска повеќе не е оптимист

Поддршка  да се воведе ова правно средство за  заштита на правата и слободите  даде претседателот Пендаровски кој се надева дека и политчарите ќе ја разберат важноста

– Иако, досега, постоеја повеќе иницијативи за измена на уставот во оваа насока, за жал, цела серија парламентарни состави не собраа сила тоа да го направат, а дискусиите за измени на уставот, со цел, воведување на уставна тужба завршуваа во партиско-политички пазарења и надмудрувања за сосема други прашања кои немаа врска со темата, рече Пендаровски.

Поддршката на Германија ја пренесе амбасадорката Петра Дреклсер. Но Македонија е единствена од поранешните југословенски републики која нема уставна жалба. Претставници на дел од уставните судови  од регионот ги пренесоа искуства со илјадници уставни жалби годишно, на конференцијата организирана од германската фондација за меѓународна правна соработка ИРЗ која изработи и студија.


-Ако ги земам предвид германските искуства, тогаш ќе кажам, најбитно е да се воведе закон за Уставниот суд, бидејќи на тој начин, најјасно и најтранспарентно ќе се објасни самата уставна жалба, изјави Штефан Пирнер од ИРЗ.

Врз основа на еден член од уставот граѓаните сега пред Уставен можат да бараат заштита одредни на слободи и права мегу кои  дискриминација по основ на пол, раса, религија, етничка, политичка, национална и социјална припадност.

 

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе