Вести Македонија Топ вести

Еко-активистите бараат итна истрага за потеклото на нелегално складираната оловна згура кај Лепенец

Надлежните без конкретни активности, а еко- активистите бараат итна истрага за потеклото на оловниот отпад од преработени акумулаторски батерии, нелегално складиран на приватен имот во близина на реката Лепенец, на патот кон селото Орман. Од О2 Иницијативата велат дека често до нив доаѓаат информации дека на тој потег се одложува опасен отпад и прашуваат зошто до сега надлежните не реагирале, имајќи предвид дека тој влијае врз животната средина и врз здравјето на луѓето.

Влијанието врз човечкото здравје е многукратно. Делува врз нервниот систем , врз фетусите, особено врз децата кои се чувствителни од влијанието на овие тешки метали. Бубрези, голем број органи во човечкиот организам се подложни, вели еко- активистката од О2 Иницијативата, Татјана Чакулев.

Чакулев очекува  истрагата да покаже дали нелегално складираните 500 до 600 тони изгорено олово потекнуваат од фирма која има А- интегрирана дозвола и се наоѓа на 2, 5 километри од одлагалиштето, чија дејност е преработка на стари акумулатори и производство на рафинирано олово и оловни легури. Министерката за животна средина најавува постапка за утврдување на законитоста на складирањето , но допрва.

Министерството за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина се информирани за случајот и ќе се спроведе постапка за утврдување на законитоста за складирање или евентуален третман на овој вид отпад, вели министерката за животна средина Каја Шукова.

Повеќе информации за случајот Шукова најави за во текот на работната седмица. Нелегално складираниот отпад е откриен при обиколка на теренот од овластен инспектор од општината Ѓорче Петров, кој извештајот од увидот го предал до Инспекторатот за животна средина. Инспекторот издал решение, во рок од 30 дена да се отстрани купот со отровното олово. Информациите говорат дека физичко лице го складира отпадот на тоа мето. А, градоначалникот на „Ѓорче“ , Александар Стојкоски за Телма вчера кажа дека местото од каде што е донесен отпадот не е на територијата на општината.

Имајќи предвид дека отпадот е депониран во близина на коритото на реката Лепенец, според Правилникот, казната за физичко лице е 250 евра, но треба и кривично да одговара и да ги плати трошоците за отстранувањето. За тоа лицето треба да ангажира фирми со лиценца за превземање на опасен отпад и носење на соодветно место надвор, зашто кај нас такво не постои. Доколку тоа не го стори физичкото лице, обрската за дислокацијата е на општината која треба да најде адекватни фирми за тоа, а лицето да плати. Ако пак прекршокот го направи фирма, казните се движат до над 120 илјади евра.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе