Вести Свет Топ вести

Утре седница на Советот за безбедност на ОН за Косово

Советот за безбедност на Обединетите нации утре ќе расправа за новиот, шестмесечен извештај на Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК), а Србија на седницата ќе ја претставува премиерката Ана Брнабиќ.

Во извештајот за периодот од 19 март до 18 септември 2023 година, кој на седницата ќе го презентира шефот на УНМИК, Каролин Зиадех, Гутереш изјави дека „најостро ги осудува нападите врз меѓународните сили на теренот и употребата на насилство како такво“.

Ги повикувам сите страни да се воздржат од преземање еднострани дејствија кои би можеле да доведат до зајакнување на тензиите и натамошна ескалација. Ескалацијата на тензиите и безбедносните инциденти во мај и јуни негативно влијаеше на процесот на дијалог, кој останува единствениот начин за решавање на сите отворени прашања, вели Гутереш, пренесува Бета.

Во извештајот, кој не го вклучува периодот во кој имаше напад од вооружена група Срби во селото Бањска, на 24 септември, Гутереш напишал и дека е „загрижен“ што страните не постигна значаен напредок во спроведувањето на Договорот за патот кон нормализација меѓу Косово и Србија и дека допрва треба да се договорат за редоследот на имплементација на одредбите од неговиот Анекс за имплементација, за кој двете страни се договорија на 18 март во Охрид.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

НАЈНОВА ВЕСТ: Дозволена екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе