Вести Свет

Воздушни удари, копнена офанзива и нов безбедносен режим во Газа – Израел откри три фази за војната со Хамас

Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант го претстави планот за војната пред комитетот за надворешни работи и одбрана во Кнесетот во Тел Авив. Според него, целите вклучуваат елиминација на палестинската милитантна група Хамас, уништување на нејзините воени и владини капацитети и целосно отстранување на секаква одговорност што Израел ја има врз Газа со создавање на нов безбедносен режим во Појасот.

„Ние сме во првата фаза во која се одвива воздушна кампања, а подоцна и копнени маневри со цел уништување на оперативците и оштетување на инфраструктурата за да се порази и уништи Хамас“, рече Галант.

Втората фаза, како што нагласи, ќе продолжи со борби со послаб интензитет, бидејќи единиците работат на „елиминирање на џебови на отпорот“.

„Третиот чекор ќе биде создавање на нов безбедносен режим во Појасот Газа, отстранување на секаква одговорност на Израел за секојдневниот живот и создавање на нова безбедносна реалност за граѓаните на Израел и за граѓаните во подрачјето околу Газа“, истакна Галант.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) „Бисер Балкански“ од грлата на 508 млади полицајци при нивната промоција во Идризово

Дејан Дејан

Долгорочни кредити за нови компании од младите, укинување на данокот за купување на стан во кој живее газдата, 13 пензија – дел од економските мерки на ЗНАМ

Дејан Дејан

Инвестиции од половина милијарда евра, минимална плата од 800 евра – коалицијата „Вреди“ ја промовира програмата „План 2030“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе