Вести Свет Топ вести

Трамп не е повеќе меѓу 400-те најбогати Американци на листата на Форбс

Доналд Трамп испадна од листата на 400 најбогати луѓе во САД што ја објави магазинот Форбс, додека во Њујорк продолжува судењето на поранешниот претседател за бизнис измами.

„Доналд Трамп повеќе не е доволно богат за најексклузивниот клуб во земјата“, објави Форбс.

„Со проценето богатство од 2,6 милијарди долари, тој е 300 милиони долари под листата на Форбс на 400 најбогати Американци“, велат тие.

Според Форбс, падот на нето вредноста на Трамп од 600 милиони долари во голема мера се должи на проблемите и падот на вредноста на „Трат сошл“, платформата за социјални медиуми што тој ја формираше откако беше исфрлен од Твитер и Фејсбук поради нападите на неговите поддржувачи врз Конгресот.

„Портфолиото на Трамп со недвижнини, на кое го изгради своето име пред да влезе во политиката во 2015 година, исто така доби удар. Форбс истакнува дека има светла точка во портфолиото на Трамп, а тоа е неговиот бизнис со терените за голф, кој се опорави по падот за време на престојот на Трамп во Белата куќа“, пишува Гардијан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе