Вести Свет Топ вести

Администрацијата на Бајден најави изградба на ѕид на границата со Мексико

Администрацијата на претседателот Џо Бајден соопшти дека повлекува 26 федерални закони за да се овозможи изградба на ѕид на границата со Мексико. Oва е првпат администрацијата да користи извршна власт за решавање на проблемот со имигрантите често користена од претходниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Но, ваквата одлука е во спротивност со пораките од кампањата на Бајден во 2020 година за стопирање на изградбата на ѕидот започната од Трамп.

За ова се дозна од соопштение објавено доцна синоќа од Федералниот регистер (Службен весник) на САД, во кое се даваат детаљи за изградба на ѕид во округот Стар, во Тексас, дел од секторот на пограничните безбедносни служби оптоварен со „висок број на нелегални преминувања“.

Според владини податоци, во текот на 2023 година биле регистрирани 245.000 нелегални влегувања во пределот на долината Рио Гранде што содржи 21 округ.

  • Постои акутна и итна потреба за изграба на физички бариери и патишта во близината на границата на Соединетите Држави за да се спречат нелегалните влегувања во Соединетите Држави во областите на овој проект, соопштува Алехандро Мајоркас, министер за внатрешна безбедност.

За изградба на овој ѕид повлечени се законите за чист воздух, за чиста вода и за загрозени видови животни, ќе се користат пари одобрени од Конгресот во 2019 година за време на владеењето на Трамп. Критичарите велат дека во ридската област живеат 65.000 жители и зафаќа 3.108 квадратни километри од националниот парк Долина на долна Рио Гранде.

Областа е полна со мали потоци и рекички, ѕидот би поминувал низ јавни земјишта, места со специфички растенија и животни како диви мачки. Критичарите екологисти велат дека ѕидот би влијаел негатвно на опстанокот на овие видови.

За време на администрацијата на Трамп, од 2017 до јануари 2021 година на јужната граница беа изградени 724 километри разни бариери.

Нелегалната имиграција од Јужна Америка поттикна дебати меѓу демократите и критики од републиканците, чии гувернери понекогаш транспортираат илјадници имигранти во северните градови и држави како Чикаго или Њујорк, а поради нивниот радикално зголемен број во изминатите месеци кои на јужната граница пристигаат во бранови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе