Вести Свет Топ вести

Вучиќ: Во рок од 24 часа на јавноста ќе ѝ бидат презентирани докази, и покрај обидите да биде уништена Србија ќе победи

Српскиот претседател Александар Вучиќ на својот инстаграм профил најавува дека во следните 24 часа на јавноста ќе и бидат презентирани докази и изјави од очевидци кои за случувањата во село Бањска.

Тој порачува дека Србија нема да се смири додека не ја дознае вистината за она што се случи  за време на инцидентот во кој загинаа еден косовски полицаец и најмалку тројца Срби. Додаде дека Србија ќе победи и покрај, како што рече, обидите за нејзино уништување

Изминатите седум дена, пред колку што и беше извршен нападот на северот на Косово, како што оцени српскиот претседател, се најтешки во последните 15 години.

„Најтешки се поради настаните на Косово и кампањата против нашата Србија, кампањата на лаги и невистини. Како што вели нашиот народ, не снегот не паѓа за да ја покрие планината, туку за секое животно да си ги покаже трагите. Можевме да видиме дека имаме пријатели кои не се многубројни, но се храбри“, вели Вучиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Силјановска со најмногу донации, Пендаровски со најмалку

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе