Вести Свет

Полска и САД потпишаа договор за изградба на нуклеарна електрана

Во Варшава денеска полските и американските претставници потпишаа договор за изградба на првата нуклеарна централа во Полска, која настојува да ја намали употребата на загадувачки фосилни горива.

Премиерот Матеуш Моравјецки изјави дека договорот за изградба на електрана во Померанија, во близина на Балтичкото Море, е почеток на ново поглавје за Полска.

Тој рече дека електраната ќе биде стабилен и чист извор на електрична енергија, пренесуваат американските медиуми.

Единствениот чист, стабилен извор на енергија што е технолошки докажан и проверен во однос на безбедноста е нуклеарната енергија, која денес го има својот голем ден, нагласи Моравјецки на церемонијата.

Полската Влада минатата година објави дека ги избрала Соединетите Американски Држави за партнер за проектот.

Конзорциумот на компаниите Вестингхаус и Бехтел го потпиша договорот со полската државна компанија Polskie Elektrovnie Jadrove (PEJ).

Договорот со САД е за првите три реактори на централата Померанија, за која властите велат дека треба да започне со производство на електрична енергија во 2033 година.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе