Вести Свет Топ вести

Ослободени 4-ца Срби осомничени за вооружениот конфликт во Бањица – немало дозволно докази

По четиридневна блокада на селото Бањска, од пладне е дозволен влез и излез од селото. Но, косовската полиција предупредува луѓето да се движат само по главниот пат, да бидат внимателни, да не се посетува планинскиот предел од безбедносни причини. Иако истрагата е завршена, постои опасност од неексплодирани направи. Сомнителните места во наредните денови ќе се проверуваат. Во меѓувреме, поради недостаток на докази ослободени се четворица од осуммината уапсени Срби, осомничени за нападот, кој се случи пред 4 дена. На тројца од уапсените им е одреден притвор од 30 дена.

Додека полицијата се уште е на терен, двете страни ги оплакуваат починатите. Во Србија денеска е ден на жалост, за убиените тројца Срби. Прстот го вперуваат во мисијата на КФОР. Косовските срби, исто како и српските власти, се убедени дека КФОР дозволиле да се случи инцидентот.

Народ како народ мора да остане тука. Ние Србите мора да се бориме. Сето ова го направи КФРО, односно „твор“. Сето ова тие го прават, вели Саво Дробљаковиќ, жител на Косовска Митровица. 

Од мисијата на КФОР, го повторија ставот дека биле на терен и во соработка со косовската полиција и ЕУЛЕКС спречиле ескалација на ситуацијата. Српските претставници кои се вклучени во преговорите со ЕУ сметаат дека овој инцидент ги враќа многу назад. Бараат малку поголема ангажираност на меѓународната заедница, за кои велат дека е клучна во стабилизација на односите Белград – Приштина.

Ние знаеме дека имаше многу предизвици, предизвици за постигнување мир, креирање безбедност на северот. Со ова ќе биде уште потешко. И клучната улога е на меѓународните актери да го сопрат секое насилство на северот, но секако клучна улога имаат и Белград и Приштина да ги смират страстите и да пристапат на отворен начин за да не се случат слични инциденти во иднина, смета ДРАГИША МИЈАЧИЌ, КООРДИНАТОР ВО ПРЕГОВРИТЕ СО ЕУ ЗА ПОГЛАВЈЕ 35

Регионалните аналитичари сметаат дека со последниот инцидент во Бањска, дипломатијата падна на испитот. Недостасува само едно чкорче за да се запали целиот север на Косово. Западот и ЕУ имаат голем разузнувачки капацитет и неверојатно е како не предвиделе дека инцидентот ќе се случел, сметаат познавачите. Една од најважните работи е и фактот што се уште нема детали од српска страна што точно се случувало. Јавноста ја слуша само едната – косовска приказна, а Западот засега не ја корегира , што се добива впечаток дека ја поддржува.

Алиса Шутиноска

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 10 загинати Палестинци, меѓу кои се осум се деца – биланс од ноќните израелски воздушни напади во Појасот Газа

Дејан Дејан

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Менаџментот на клиниката да го реши проблемот – ДСИ најави контрола на Токсикологија за поплавата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе