Вести Свет Топ вести

Урсула фон дер Лајен: Граѓаните на ЕУ за помалку од 300 дена ќе одлучат каква иднина и каква Европа сакаат

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска најави истрага за субвенционирање на електрични возила што доаѓаат од Кина.

Глобалните пазари се преплавени со евтини кинески електрични автомобили, рече фон дер Лајен, обраќајќи им се на пратениците во Европскиот парламент во Стразбур во годишното обраќање за „Состојбата на Унијата“.

Нивната цена вештачки се одржува ниска поради „огромните државни субвенции“, рече таа, што доведува до нарушување на пазарот во ЕУ.

ЕУ не толерира нарушувања на пазарот ниту од внатре ниту од надвор од него, рече фон дер Лајен. „Европа е отворена за конкуренција, а не за трка до дното“, рече таа.

Во исто време „од витално значење е да се задржат отворените линии на комуникација и дијалог со Кина“, додаде Фон Дер Лајен.

Европската унија ќе предложи пакет мерки за поддршка на енергијата на ветерот во Европа во време кога компаниите од овој сектор се борат со предизвици како што е инфлацијата.

  • Уште повеќе ќе го забрзаме издавањето дозволи. Ќе ги подобриме системите за тендери во ЕУ. Ќе се фокусираме на вештините, пристапот до финансии и стабилните синџири на снабдување, рече фон дер Лајен.

„За помалку од 300 дена, граѓаните на ЕУ ќе гласаат на избори во нашата единствена демократија. Ќе биде време тие да одлучат каква иднина и каква Европа сакаат“, рече претседателката на ЕК.

Ова е последниот говор на фон дер Лејен во овој мандат, а се погласи се шпекулациите дека таа ќе бара нов мандат на чело на Комисијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

НАЈНОВА ВЕСТ: Дозволена екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе