Вести Свет Топ вести

Сенаторот Мич Меконел повторо се вкочани на прес-конференција, 30 секунди гледаше во една точка

Мич Меконел, лидер на малцинството во американскоит Сенат повторо имаше проблеми со вкочанетост за време на разговор со новинари во Кентаки.

Ова му се случува вторпат по слична ситуација во јули. На прашање од новинар синоќа дали планира да оди на повторен избор, тој запре со говорот и гледаше во една точка повеќе од 30 секунди.

Републиканецот од Кентаки „замрзна“ пред камерите на прес-конференција на Капитол Хил при крајот на јули, кога замолчи и се вкочани 19 секунди пред да биде одведен од новинарите. Кратко по тоа Меконел (81) се врати и им кажа на новинарите „добро сум“.

На настанот синоќа, помошник му пријде и го праша „дали го слушнавте прашањето, сенаторе“, тој продолжи да молчи. Потоа, одговори кратко на прашање за јавниот обвинител на Кентаки, иако помошникот мораше да го повтори прашањето – се остави впечаток дека Меконол не слуша добро. Беше прашан и за поранешниот претседател Доналд Трамп, но тој отфрли да одговари бидејќи вообичаено одбива да разговара на тема за Трамп.

Меконел имаше неколку падови во изминатиот период и при еден скрши ребро, па беше отсутен од Конгресот. Како мал, тој боледувал од полио, затоа одот му е несигурен. Според експертите, однесувањето на Меконел има знаци на деменција.

– Тоа се случува кога пациентот запира да ги прима лековите против деменција. Тогаш епизодите на „замрзнување“ се почести, изјави Санџи Гупта, коментатор на Си-ен-ен и лекар.

Иако Меконел се соочува со очигледни здравствени проблеми, републиканците не коментираат за негова можна оставка. Стив Дејнс, сенатор од Монтана, републиканец, изјави дека зборувал со Меконел и дека „лидерот звучи добро и се чувствува добро“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе