Вести Македонија

Потребни се измени во Кривичниот законик за сообраќајките, предлага Врховен

Законски измени на кривичниот законик но и посистематичен пристап при постапување и одлучување во кривичните предмети поврзани со сообракајките предлага Врховниот суд. Ова биле и дел од заклучоците на одделите во Врховниот суд за кои судскиот совет бил известен уште во 2021 и 2022 година. Вака одговараат од највисокиот суд откако Судски совет вчера го прозва дека треба да обезбеди еднаква примена на законите преку воедначување на судската пракса, посебно  за кривичното дело “тешки дела против безбедноста  на луѓето  и имотот  во сообраќајот“. Воедначувањето на судската практика Врховниот суд го остварува само во постапка предвидена со закон велат од таму.

Можноста за воедначување на судската практика во однос на ова правно прашање е ограничена во овој стадиум на постапување пред Врховниот суд со оглед на тоа дека секој предмет има свои особености и ниту еден предмет не може да се стави во корелација со друг предмет. Ова е заклучок на одделот за казниви дела и одделот за судска практика пратен во Судскиот совет на 09.05.2022

Од Врховен објаснуваат дека директно можа да интервенирата во казнената политика за овие кривични дела преку одлуките што ги носат во предметите во  жалбена постапка но дека при вонреден правен лек не можат да интервенираат во санкцијата доколку е во законски пропишаните граници

Дебатата во јавноста но и мегу институциите повторно ја разгоре одлуклата на скопскиот апелационен суд  кој му скрати 10 години од казната на велешанецот Ангелчо Николов кој во декември минатата година на пешачки премин под дејство на алкохол и со поголема брзина ја усмрти единаесетгодишната Магдалена Николова и избега. Вчера и од судксиот совет најавија дека заради големата разлика во  изречената казна,  по годишните одмори ќе го испитат овој случај.   Јавноста и експертите со години реагираат на казните за сообракајките со жртви. Многу предмети кои ги следеа медумите завршуваа со условни или затворски казни од неколку години.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Менаџментот на клиниката да го реши проблемот – ДСИ најави контрола на Токсикологија за поплавата

Дејан Дејан

Во ДИК пристигнат само еден приговор за постапката за гласање во Липково

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе