Вести Свет

Ќе остане ли светот без Голфската струја?

Системот на океански струи, чијшто составен дел е и Голфската струја, би можел да доживее колапс до 2025 година или најдоцна во рок од неколку децении, ако светот продолжи да го зголемува загадувањето од загревањето на планетата, предупредува неодамна објавена научна студија.

Студијата утврдила дека Атлантската меридијална превртена струја позната како АМОК – чиј дел е и Голфската струја – може да доживее колапс кон средината на овој век, па дури и уште во 2025 година.

Уривањето на системот на морските струи во Атлантикот може да ги намали температурите до 10 или 15 степени во Европа и да доведе до подигање на нивото на морето во источниот дел на САД. Исто така, ќе го наруши дождот на кој се потпираат милијарди за земјоделството.

Научниците потсетуваат дека ваков настан би имал катастрофално влијание врз климата на планетата и дека последен пат кога вакво нешто се случило, го поттикнало појавувањето на последното ледено доба, пред околу 12.000 години.

Науката предупредува дека замирањето на Голфската струја би можело да поттикне ново ледено доба, но, овојпат, главен виновник би бил – човекот и неговото влијание врз климата на планетата.

„Денес, зголемените нивоа на атмосферски јаглерод диоксид служат за засилување на затоплувањето на Арктикот, намалувајќи го морскиот мраз и забрзувајќи го топењето на мразот на Гренланд. Овие промени го зголемуваат снабдувањето со свежа вода во Северниот Атлантик, што доведува до слабеење на АМОК. Сепак, повеќе свежа вода ќе го турка AMOК до нејзината точка на паѓање и ќе предизвика негово колапс, повторувајќи го сценариото помлад Дријас. Климатските податоци и проекциите од Меѓувладиниот панел за климатски промени забележаа и предвидоа слабеење на AMOК во текот на овој век“.

Водечки научници кои не се вклучени во оваа студија имаат сериозни резерви, нагласувајќи дека нема доволно податоци кои би укажале на пресвртниот момент, кога би се случила таква промена во системот на океанските струи.

Но, тие се согласуваат дека таква можност не е исклучена и дека пресвртната точка на планетата може да се случи порано отколку што се мислеше.

Југослава Дуковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе