Вести Свет

„Ова е бугарска територија!“ – Бугарски државјанин дивеел во Кавала, го извадил грчкото знаме и поставил бугарско

Грчката полиција уапси 35 годишен бугарски државјанин во грчкиот град Кавала. Лицето дивеело во централното градско пристанишје. Го извадило грчкото знаме и го поставило бугарското викајќи дека Кавала е бугарска територија.

Окружен суд сега го товари за навреда на националните симболи, но бил пуштен на слобода јавуваат грчките медиуми.

Инцидентот се случил синоќа, а случајот го пријаиле очевидци кои биле сведоци на настанот. За време на апсењето лицето давало отпор и изговарал навреди и пцовки кон обезбедувањето на пристаништето.

Според информациите, ова не е прв ваков инцидент на уапсениот Бугарин, за кого се вели дека е член на екстремистичка организација која се залага Кавала и регионите на источна Македонија да бидат дел на Бугарија, а не на Грција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе