Вести Свет Топ вести

(Видео) Торнадо, громови, ветар со брзина од 107 км./ч. – страшно невреме во Словенија

Невреме со урагански ветрови синоќа го зафати северозападниот дел на Словенија, штети се забележани и во источниот дел, јавија словенечките медиуми. Торнадо го зафати подрачјето на Илирска Бистрица во југозападниот дел на Словенија.

Лошото време со обилни дождови и силен ветер предизвика големи штети во Словенија, објави словенечкиот сајт 24ур. Словенечката Служба за заштита и спасување добила 69 пријави за штети во текот на ноќта, при што силните налети на ветерот однеле покриви од куќи и паѓале дрвја.

Ветар со брзина од 107 км./ч. е пријавен на станицата „Косезе“ кај градот Илирска Бистрица, објави словенечката Агенција за животна средина. Торнадо го зафати селото Косезе. Посилни налети немаше во поширокиот регион.

„За среќа, ова е краткотраен феномен кој функционира во многу тесен опсег. Екипите за интервенција веќе ги покриваат првите (оштетени) покриви, но тие беа спречени од дождот, бидејќи торнадото беше проследено со невреме“, рече градоначалникот на Илирска Бистрица, Грегор Ковачиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вреди и ВМРО-ДПМНЕ согласни за заедничка влада по изборите

Дејан Дејан

Павле Трајанов резибран за лидер на Демократски сојуз на 7-от Конгрес на партијата

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе