Вести Свет Топ вести

Западните земји евакуираат свои државјани од Нигер, Русија отвора две нови амбасади во Африка

Франција попладнево почна итна евакуација на дипломатскиот персонал и државјани од Нигер, објави Ројтерс. Станува збор за околу 100-тина луѓе кои треба да ја напуштат земјата по воздушен пат во соработка со нигерските сили. По нив полетаа три авиони од типот Ербас од југот на Франција. Налогот за евакуација го потврди и француската министерка за надворфешни работи, Катрин Колона. Француската војска, пак, соопшти дека нејзините 1.500 припадници остануваат во западноафриканската држава. Операција за извлекување на француски, но и други европски државјани од Нигер следува по воениот пуч во Ниамеј и соборувањето на претседателот Мохамед Базум.

Стапките на Франција ги следи и Шпанија чие министерство за одбрана информираа дека ќе евакуира 70-тина шпански државјани од Нигер. И италијанските власти објавија дека се подготвени да испратат авиони во Ниамеј за околу 90 Италијанци во главниот град Ниамеј и вкупно 500-тини во целата земја. Германија им порача на нејзините државјани да ја прифатат понудата на Франција и да го напуштат Нигер. Амбасадите на Италија и на Германија барем засега остануваат отворени во Нигер за учество во посредничките напори за излез од политичката криза во земјата.

Засега нема најави за евакуација на американски државјани од Нигер.

Додека дел од западните земји работат на евакуација на своите државјани од Нигер, Русија најави отворање на свои амбасади во две африкански земји. Рускиот премиер Михаил Мишутин денеска потпиша указ за обновување на руските дипломатски претставништва во Буркина Фасо и во Екваторијална Гвинеја. Такво нешто најави претседателот Владимир Путин на самитот „Русија – Африка“ што минатата недела се одржа во Санкт Петербург.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пет лица загинаа, 33 се повредени, 140 фаврички погони се оштетени – торнадо во Кина

Дејан Дејан

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе