Вести Свет Топ вести

Превентивни евакуации на населени места во централна Грција, на Родос гори веќе десетти ден

Поради пожарот што изби вчера во близина на градовите Волос и Велестино во областа Магнисија во централна Грција, во текот на ноќта имаше превентивни евакуации на неколку населени места.

Во пожарот, вчера животот го загубија две лица, во два одделни случаи на две различни локации.

Паралелно, во Грција се уште сѐ активни пожарите на островите Родос, Крф и Евија.

На Родос гори веќе десетти ден, меѓутоа ситуација е значително подобрена во споредба со изминатите денови, додека пак на Евија и Крф пожарите речиси и да се ставени под контрола, иако се уште горат одредени помали жаришта

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос вчера рече дека за 24 часа во земјата имало 61 нов пожар и истакна дека вчерашниот ден беше најтежок летово.

Посочи дека во битката со огнената стихија помагаат пожарникари и средства од 11 земји.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе