Вести Свет Топ вести

Борбата со пожарите во Грција се уште е во тек, гори на Ситонија

Грчките противпожарни служби и денеска се обидуваат да ги локализираат пожарите кои веќе две недели беснеат во Грција и во кои до сега загинаа пет лица.

Состојбата во земјата се влошува од ден во ден откако копното е на удат на силен ветер кој дополнително ја усложнува работата и ги разгорува жариштата.

Најпогодени од огнената стихија се туристичките острови Родос, Крф и Евија. Но грчките медиуми денеска јавуваат за нови жаришта. Според нивните информации денеска гори и на полуостровот Ситонија на Халкидики.

Пожарот на Халкидики зафати површини под сува трева во близина на Агиос Николаос. На терен интервенираат 12 возила со 37 пожарникари, а им помагаат и две противпожарни возила од Бугарија со 10 член тим. Во гасењето на огнот учествува и еден авион. Пожарот кој во моментов се шири во областа се приближува до едно од населените места.

Од вчера во борбата со огнената стихија која ја зафати Грција учествува и нова група од 40 романски пожарникари. Претходно земјата испрати тим од 52 лица кои на терен учествуваат во справувањето со шумските пожари.

Изминатото деноноќие во Грција беа регистрирани уште две жртви со што вкупниот број на загинати сега е еднаков со бројот на жртви во Италија.

Сепак меѓу земјите од Медитеранот кои се зафатени од пожари, Алжир е најтешко погоден кога станува збор за загубени човечки животи, со 34 жртви како последица на огнената стихија.

И во Италија состојбата со пожарите се уште е алармантна. Шумските пожари продолжија во текот на ноќта на различни локации околу Палермо на островот Сицилија. Во гасењето се вклучени два противпожарни хеликоптери.

Во близина на малиот град Ромитело беа евакуирани голем број семејства, а изгореа неколку хектари медитерански грмушки. Пронајдени се и две тела на постари лица во дом кој бил зафатен од пламен во близина на аеродромот во Палермо, кој бил привремено затворен поради пожарите во тој дел од земјата, јавуваат италијанските медиуми.

Од денеска метеоролошките прогнози во Јужна Италија се дека времето ќе помогне во справување со ситуацијата на терен со оглед дека ветровите стивнаа, а температурите во погодените области бележат опаѓање.

Александар Петрески

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе