Вести Македонија

ФОТО: Откази во Комунална за бунтовниците, “Баравме леб-добивме отказ”

Листа со 27 имиња на отпуштени вечерва ги пречекала работниците во трета смена во Комунална Хигиена.

Меѓу отпуштените се вработените кои учествуваа во блокадите пред претпријатието.

– Баравме леб, добивме отказ, ни изјави претставникот на вработените Насер Билјали кој исто така е на списокот на отпуштени.

Од списокот се гледа дека отпуштените се вработени на различни позиции, од метач до главен на блок

Отпуштени се и 5-мина возачи од кои 4-ца се впзачи на специјални товарни возила за смет. Сите отпуштени се долгогодишни вработени во ЈП Комунална Хигиена-Скопје.

Најголем апсурд е што воопшто не им се дадени отказните решенија со причините за отказите туку биле известени кога стигнале на работа вечерва со листа на огласната табла.

ВИДЕО: Инцидентот пред Комунална во Скопје, полицијата ги турка работниците, тројца се повредени, 4-ца се уапсени

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе