Свет Топ вести

Тројца убиени во Нотингам, едно лице е уапсено- повредените биле прегазени од комбе

Тројно убиство во англискиот град Нотингем. Полицијата пронајде три мртви лица, а други тројца се повредени во два одделни но, поврзани инциденти.

Повредените биле прегазени од возило комбе. Полицијата соопшти дека службите за итни случаи реагирале веднаш при што уапсено е едно осомничено лице.

Патиштата во градот се затворени додека надлежните го истражуваат случајот за да утврдат дали можеби во убиството има инволвирани и други лица.

Услугите за патници ги прекина и градската трамвајска мрежа. Нотингем е град со околу 350 илјади жители, и се наоѓа на околу 190 километри северно од Лондон.

  • Ова е ужасен и трагичен инцидент во кој одземени се животи на три лица, рече началникот на полицаецот Кејт Мејнел.

Таа соопшти дека две лица биле пронајдени мртви на една улица, а трето на друга улица, одвоено од инцидентот со комбето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Голем број човечки жртви во поплавите во Источна Африка

Дејан Дејан

Шојгу бара повеќе оружје за војната во Украина

Дејан Дејан

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе