Вести Македонија Топ вести

Цените на прехрамбените продукти нема да растат но се многу високи во споредба со регионот, сметаат експертите

Цените на прехрамбените производи кои беа замрзнати нема да се покачат сметаат експертите но додаваат дека тие во моментов се повисоки од државите во регионот. Тоа се должи на фактот што додека во Македонија цените биле замрзнати во соседните држави но и во Европа почнале да се намалуваат пазарните цени како последица на падот на цените на енергенсите, пред се струјата.

За експерот Абил Бауш, клучно е што и покрај замрзнувањето на цените не е постигнат саканиот ефект – стабилизирање на пазарот и растот на инфлацијата.

Дека нема да има поскапување смета и Мирко Велковски, претседател на регионалната стопанска комора и сопственик на млекара, но додава дека откпуната цена на млекото е за  пет до десет денари повисока од онаа во соседна Србија, а млеко поризвоидтелите веќе претрпеле загуби поради одлуката на Владата да ги замрзне цените.

Дека замрзнувањето на цените бил погрешен потег, според експертот Бауш, потврда е двоцифрената инфлација и неколкукратното заголемување на каматата на благајничките записи.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, соопшти дека Владата не планира дополнителни мерки и најави дека ќе има контолри и доколку се јави вештачко зголемување ќе ги активира инспекторатите и државните механизми.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вреди и ВМРО-ДПМНЕ согласни за заедничка влада по изборите

Дејан Дејан

Павле Трајанов резибран за лидер на Демократски сојуз на 7-от Конгрес на партијата

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе