Вести Македонија Топ вести

Како град Скопје изгуби 2,5 милиони евра на суд поради скопски Саем

Сметката на град Скопје е блокирана, дознава Телма од свои извори. Причина за блокирањето е оваа пресуда за долг од над 110 милиони денари со камати односно околу 2 и пол милиони евра. Пресудата е донесена на крајот на март во скопска Апелација и е објавена на судскиот портал.  Барале пари за комуналии, исплатиле нов објект на скопски саем, но на парцелата почнал да се гради друг објект односно комплексот на ист гејт . Скопски Саем прашал во Гази Баба дали општината издала друго одобрение за градба.

  • И покрај тоа што тужителите имале правосилни одобренија за градење на наведените катастарски парцели, градежни работи преземал друг правен субјект, за што тужителите поднеле допис именуван како Барање до градежната инспекција при Општина Г….. со приемен печат од 13.09.2019 година со цел да добијат информација кој ја узурпирал градежната парцела и дали за изведување на градежните работи се издадени одобренија за градење на друг субјект, велат од Апелација. 

Општината, според пресудата, во 2019-та ги поништила сите одобренија за градба дадени на скопски саем уште во 2008-ма. Тогаш Скопски саем тужел и на крај добиле отштета од град Скопје и Гази баба, а по давање на извршител сметката на главниот град е блокирана бидејќи имало скромна сума од околу 10 милиони денари односно 15 пати помалку од пресудениот долг кон Саем.

Од градот и денеска ги обвинуваат претходниците на Данела Арсовска дека погрешиле и ги оштетиле граѓаните за буџетските пари, но негираат блокада на сметката на Скопје.

  • Се работи за долг кој го направил екс-градоначалникот Коце Трајановски, а потоа не успеал да го плати ниту екс-градоначалникот Петре Шилегов. Ваквиот начин на работа на овие политичари, и нивните политички опции не само што го загрозува работењето на градот, како во случајов, туку 33 години ја става државата во должничко ропство. Повеќе од три децении граѓаните на Р.Македонија отплаќаат долгови кои ги генерира секоја владејачка гарнитура, полнејќи ги сопствените приватни џебови со пари кој денес ги враќаат граѓаните, велат од град Скопје. 

Град Скопје има и други долгови за кои се покренати тужби. Една таква, според информациите на Телма се однесува на невратена гаранција за изградба на катната гаража Беко. Иако банката предложила градоначалничката Данела Арсовска да се спогоди вонсдуски и долгот да се враќа на рати, таа го препратила предлогот до градскиот Совет кој се прогласил за ненадлежен.

Симона Петровска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вреди и ВМРО-ДПМНЕ согласни за заедничка влада по изборите

Дејан Дејан

Павле Трајанов резибран за лидер на Демократски сојуз на 7-от Конгрес на партијата

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе