Вести Свет Топ вести

Во Судан е пукано врз американски дипломатски конвој – во борбите на војската и паравојската убиени над 180 луѓе

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен потврди дека во Судан било пукано врз американски дипломатски конвој иако возилата биле видно обележани со американски знамиња… Инцидентот поминал без жртви, а од Стејт департментот соопштија дека за инцидентот Блинкен разговарал со генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, шефот на преодниот владејачки суверен совет на Судан, и паравоените сили за брза поддршка, предводени од генералот Мохамед Хамдан Дагало, и ги повикал двајцата лидери да се согласат на прекин на огнот. Според Блинкен  и двајцата имаат одговорност да „обезбедат безбедност и благосостојба на цивилите, дипломатскиот персонал и хуманитарните работници.

Во меѓувреме, борците на суданските паравоени сили за брза поддршка отворија оган против воени беспилотни летала во Картум. Додека надвор грмеа експлозии и пукотници, Суданците во главниот град Картум беа принудени да останат во затворени простории. Повеќе од 185 луѓе се убиени, а над 1.800 се ранети од избувнувањето на борбите, рече претставникот на ОН, Фолкер Пертес. Билансот може да биде многу поголем бидејќи има многу тела на улиците околу центарот на Картум до кои никој не може да стигне поради судирите. Нема официјални информации за тоа колку цивили или борци се убиени. Синдикатот на лекарите претходно објави дека бројот на загинати цивили изнесува 97.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно – Временска прогноза за 2.5.2024

Дејан Дејан

(ФОТО) Повеќе од 100 лица приведени за време на протестите во „Сити“ колеџот во Њујорк

Дејан Дејан

(ФОТО) Повеќе од 400-тини желки спасени во бурата во Јужна Африка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе