Вести Македонија Топ вести

Арсовска во втор обид за набавка на еко автобусите – советниците одбиваат задолжување од 10 милиони евра

По втор обид градоначалничката Арсовска денеска на седница на градот ќе побара од советниците да гласаат за набавка на Еко автобуси, откако првиот обид пропадна пред само два месеца, откако советот на Град Скопје не го прифати предлогот на Арсовска за задолжување од 620 милиони денари, односно околу 10 милиони евра.

Оваа одлука на градоначалничката е најавена уште во предизборната кампања кога вети набавка на 250 еколошки автобуси и бесплатен автобуски превоз за скопјани, но од тоа засега нема ништо.

За проблемите во јавниот превоз Арсовска отвори и нов трет јавен повик на кој овој пат приватните превозници се пријавија.За неколку дена ќе заврши Комисијата во градот на која се разгледуваат поднесените барања на приватниците а во скоро време се очекува тие почнат да возат по скопските улици.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе