Вести Свет Топ вести

Џинпинг слета во Москва – неговиот лет од Пекинг го следеа 100.000 луѓе на „Флајрадар“

Авионот со кинескиот претседател Си Џинпинг слета на аеродромот Внуково кај Москва. Летот на Боингот 747-89Л на компанијата „ЕР Чајна“ од Пекинг кон руската престолнина го следеа над 100.000 луѓе преку специјализираната интернет страница „Флајрадар“.

Посетата на Џинпинг на Русија ќе трае од 20 до 22 март. Тоа е негово прво излегување од Кина по добивање на третиот претседателски мандат, но и од почетокот на војната во Украина.

Лидерот на третата светска економија во експанзија нема класичен претседателски авион. За патување користи исклучиво цивилен авион „Боинг 747-89Л“ кој за вакви прилики, кинескиот државен врв ги изнајмува од компанијата „Ер Чајна“.

Авионот е со капацитет за 366 патници кои во економско-патничката класа седат во формација 3-4-3, а во првата класа на долниот кат во формација 2-3-2. Горниот кат е со распоред на седишта 3-3 во економската класа и 2-2 во прва класа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 10 загинати Палестинци, меѓу кои се осум се деца – биланс од ноќните израелски воздушни напади во Појасот Газа

Дејан Дејан

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Менаџментот на клиниката да го реши проблемот – ДСИ најави контрола на Токсикологија за поплавата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе