Вести Македонија Топ вести

Мицкоски: Уставни измени во овој парламентарен состав нема да има

Власта да не се надева дека овие уставни изме и ќе поминат како оние за договорот од Преспа е ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој повтори  дека уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат и во овие околности нема да има. Изјавата доаѓа ден по вчерашната јасна порака од  високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел дека без уставни измени нема напредок на еу интеграцискиот пат.

По договорот од јули, ова е најдобрата зделка што може да ја добиете и не е реалистично да очекувате дека ова повторно ќе се отвори и ќе биде дел од преговарањето, рече Борел.

Мицкоски одговара ВМРО-ДПМНЕ не биле консултирани .

Мицкоски вели подготвен е да седне со европските политичари и партнери и очи во очи да разговараат за изнаоѓање на решение за проблемот што го создала владата.

Борел вчера во Скопје освен за уствните измени испрати порака и за важни на реформите а еврокомесарот Вархеји го потенцираше владеење на правото, непристрасно, ефикасно и независно судство, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како  и креирање и одржување на основите на демократијата.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе