Вести Македонија

Ескобар за РСЕ: Не сме фокусирани на потпишување, туку на финализирање на договорот

Претставникот на Соединетите Американски Држави (САД) за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека очекува финализирање на анексот за спроведување на Договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Како набљудувач, тој учествува на средбите меѓу премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Охрид, кои се со посредство на шефот за надворешна политика на Европската унија (ЕУ), Жозеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак.

– Работиме под сенката на една од најголемите безбедносни закани за европскиот континент од Втората светска војна, рече Ескобар, алудирајќи на руската инвазија на Украина.

Во оваа смисла, рече тој, важно е нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија.

– Средбата на лидерите на Косово и Србија во Охрид е историска прилика, изјави специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан.

Тој вели дека ова е навистина можност да се оддалечиме од настаните од 90-тите и да се оддалечиме од настаните од 1999 година и да тргнеме во 21 век. Тоа е можност не само за Србија и Косово, туку и за регионот во целина.

Според него, во случај двете страни да не се договорат, тоа не би било чекор напред кон евроатлантските интеграции.

Ескобар посочи дека „сите земји од регионот треба да се признаат меѓусебно и да имаат мирни односи.

По повод формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово, Ескобар рече дека е малку веројатно таа некогаш да се трансформира во Република Српска (српски ентитет во Босна и Херцеговина), која постојано го доведува во прашање функционирањето на Босна и Херцеговина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе