Вести Македонија Топ вести

Културниот клуб „Ванчо Михајлов“ ќе биде избришан од Централниот регистар

Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ од Битола ќе биде избришан од Централниот регистар. Владината  Комисија за именување на денешната седница даде негативно мислење за употребата на името на оваа контроверзна личност. Според  членовите на комисијата, Михајлов е близок на фашистичката идеологија, со што именување на здружението по него е провокација за Македонскиот народ. Заклучокот од седницата ќе биде проследен до министерот за правда, кој ќе треба да донесе одлука за престанок на работа на здружението

Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека именувањето на здружението Иван Михајлов е провокација за националните чувства на  македонскиот народ  имајќи предвид дека се работи за личност блиска  со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост,нетолеранција и омраза во македонското општество, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ја усогласат својата работа со измените во Законот за здруженија и фондации донесени лани во ноември, според кои во својот назив не можат да користат имиња на личности што  се поврзуваат со верска, национална, етничка нетрпеливост, омраза, геноцид, поддршка на нацизам и фашизам, а вакви елементи не смее да има ниту во целите и програмата.

За здруженијата што не се пререгистрираа во овој рок, министерот за правда денеска треба да донесе одлука за престанок со работа. Барање за пререгистрација, но не комплетна, во февруари поднесе само културниот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид, по што доби уште 30 дена за докомплетирање на документацијата, а постапката сѐ уште не е завршена

За  Здружението ЦАР БОРИС III Охрид,  постапката е се уште во тек и здружението до денес нема одговорено по Известувањето од Централниот регистар.  Информација до Министерството за правда , Централниот регистар ќе достави по завршување на постапката, велат од Централен регистар.

Двата бугарски клубови во Битола и Охрид предизвикаа силни реакции во јавноста затоа што носат имиња на докажани соработници на фашистите. За здружението „Ванчо Михајлов“ постапка поведе и Комисијата за заштита од дискриминација, но тоа не постапи по нивните препораки и не ги отстрани спорните содржини од името, програмата и од социјалните мрежи, поради што е  поднесена прекршочна пријава за претседателот на клубот.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе