Вести Македонија

(Видео) Кадиев во Топ Тема: Крушата под круша си паѓа, мојот син е во мојата канцеларија, но јас не го терав да биде адвокат

„Крушата под круша си паѓа. Мојот син е во мојата канцеларија и е млад адвокат, меѓутоа јас не го терав да биде адвокат, тој растеше во еден дом опкружен со правници. Не спорна е желбата, но конкуренцијата е голема во академијата, рече Дељо Кадев во „Топ Тема“ на Телма.

„Ние немаме анализа, ниту точни податоци за тоа која ќерка и чиј син се таму. Во јавноста кај нас се толку ва дека тоа е лошо и има елементи на протекција и непотизам. И да син или керќа на судија или обвинител ако е квалитете нема ништо спорно“, вели Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатската комора.

Но адвокатската комора предлага во стратегијата  за 2023 да се вметне нешто вакво- секој судија или обвинител редовно и навремено да пријавува дали има членови на потесното семејство во правосудниот сектор и да има обврска да известува за секоја промена, да се спроведе стартегија со цел да се спречи корупција, блиски односи, влијание, судир на интереси. Значи има сомнеж во тие блиски односи?

„Да предложивме во стратегија судија кој работи како судија или ќе почне да работи да декларира не само за имотот туку да извести за тоа дали син керка или прво колено роднина работи како адвокати, судија, обвнител. Тоа го бараме со цел да се превенира корупција. Имаме конкретни ситуации дека синот е адвокат мајка му е сидија и т.н. Има многу озборувања и виситни и невистини“, појасни Михајловски.

Според Зафиров важно е да се одреди дали може во исто апелационо подрачје да работат татко и син на пример. „И јас имама еден син адвокат, проблемот е дали може адвокатот да застапува како син на претседателот на судот“, рече тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) „Бисер Балкански“ од грлата на 508 млади полицајци при нивната промоција во Идризово

Дејан Дејан

Долгорочни кредити за нови компании од младите, укинување на данокот за купување на стан во кој живее газдата, 13 пензија – дел од економските мерки на ЗНАМ

Дејан Дејан

Инвестиции од половина милијарда евра, минимална плата од 800 евра – коалицијата „Вреди“ ја промовира програмата „План 2030“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе