Вести Свет Топ вести

Спасено новороденче од под урнатините во Сирија – папочната врвца се уште била врзана за неговата мртва мајка

Со многу помалку ресурси и механизација, спасувачите во Сирија неуморно копаат под урнатините во обид да најдат прежиевани. Им се придружија локалните жители, роднини на исчезнати, кои со лопати и голи раце ги отстрануваат урнатите ѕидови. Слушаат гласови за помош..Така слушнаа и плач на бебе во уништениот град Џиндарис. Под урнатините најдоа женско новороденче, кое се уште била поврзана со утробата на мајката со папочната врвца. Мајката се породила додека тлото се тресело..веднаш потоа починала, исто како и таткото и уште четири браќа. Освен бебето, никој не преживеал.

  • Ова е навистина катастрофа, баравме преживеани од 4 часот до 3 или 2:30 часот. Ја извлековме мајката, слушнавме звук и помисливме дека е таткото, но се роди новороденче. Ја пресековме врвката и таа беше однесена во болница. Во несреќата загинаа седум лица од едно семејство, таткото, мајката и децата, освен девојчето кое се роди во несреќата, вели Салех ал Барден, спасувач

Додека роднините ја погребуваа мајката Афра, таткото Абдула и четирите браќа, бебето е ставено во инкубатор. Сега во стабилна состојба, но донесена е со тешки повреди, и со напади од хипoтермија. Според докторите била родена три часа пред да ја најдат.

Девојчето има голема модринка на грбот и тој е отечен. Најверојатно била под висок притисок или нешто и паднало под урнатините, се работи за чиста и голема модринка. Модринки има и на увото, лицето, челото, а има и модринки на ребрата, изјави ХАНИ МААРУФ, ДОКТОР КОЈ СЕ ГРИЖИ ЗА БЕЕБТО

Организацијата Бели Шлемови со 2.800 волонтери кои работат на терен во сириските провинцин погодени од трагедијата, велат дека за 30 часа непрекината работа извлекле над две илјади преживеани, и над 800-тини тела. Но, овој број ќе се зголемува секоја секунда, затоа што им недостасува доволно опрема. Бараат меѓународна помош за потрагата да биде поефикасна.

Ситуацијата е навистина, навистина тешка, чувствуваме болка и апелираме за помош уште од првите часови на овој земјотрес. Се колнам, немаме намера да ги користиме тие алатки, освен да спасиме кој може да се спаси, вели МУНИР МУСТАФА, БЕЛИ ШЛЕМОВИ

На помош на Белите Шлемови во моментов се руските спасувачи. Работат со часови, и со сонари ги слушаат и ја одредуваат позицијата на затрупаните.

Оштетените патишта од долгата и заборавена војна, како и лошата логистика ги спречува ОН да ја достават ветената помош за повредените Сирија.. Договорот на Советот за безбедност на ОН дозволува користење на само еден граничен премин за испораки од Турција на северо-запад. Сите други испораки треба да одат преку Дамаск. Дури и пред да се случи земјотресот, над 4 милиони луѓе на северозападот од Сирија – повеќето жени и деца – се потпираа на хуманитарна помош за да преживеат. Но, сега, со студот кој влегува во коски, ќе треба да ја чекаат подолго време.

Алиса Шутиноска 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе