Вести Македонија Топ вести

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Епохалната неспособност на СДСМ да обезбеди нормално функционирање на државата, според поранешниот вицепремиер Никола Тодоров, беше еден од главните фактори за историски најнискиот резултат на СДСМ. Според него, падот на владејачката партија започнал уште на минатите претседателски избори, иако Пендаровски победи во вториот круг против Силјановска Давкова.

Тоа беа првите 100 и кусур илјади гласови што ги изгуби СДСМ за само 2 години… Не помалку, за година и половина власт. Тие изгубија повеќе од 100.000 гласови, тоа беше првиот крупен контингент на губење на гласови што се случи во 2019 година. Потоа тоа продолжи во 2020, значително продолжи за локалните избори и кулуминираше сега. Ова е еден логичен пад, да речеме, на гласовите на СДСМ, имајќи предвид дека тие во целиот овој период покажаа една епохална неспособност за нормално функционирање на државата. Многу често ги издвојуваме корупцијата, или не знам, но јас не ги издвојувам, значи тие покажаа епохална неспособност во секој сегмент. Луѓето почувствуваа дека едноставно државата престана да функционира, како некој компче да стисна и да замре државата, оцени Тодоров.

Вториот фактор, според него е префокусирањето на СДСМ на темата Бугарија, повторувајќи ја неговата теза дека бугарското прашање за нас е потешко од грчкото прашање, а за СДСМ било уште потешко, а тие се впуштиле во него спротивно на желбите на членството.

Третиот фактор е „потчинетоста на ДУИ“ само за да остане на власт. Тодоров смета дека тоа предизвикало револт кај македонското гласачко тело, а посебно предизвикало револт и кај тие од СДСМ.

Последниот фактор, според Тодоров, не се должи директно на СДСМ, туку на нивниот главен коалициски партнер ДУИ и Али АХмети.

Она што направи сериозен потрес по мене, тоа е една огромна стратешка грешка на Али Ахмети на митингот во Скопје кога му се закани на Мицкоски, прилично нпепристојно и на крај почна да вика УЧК, УЧК. Македонците се почувствуваа како на сите да се заканува, а не на Мицкоски, и „рекоа УЧК? Ние имаме одговор за тоа.“ И тој одговор беше не само кај Македонците, неопределените и ВМРО, туку и кај СДСМ. Тие си рекоа „ако ние гласаме за нашиве, ние гласаме за овој што од сред плоштад вика УЧК, УЧК и се заканува прилично некултурно на политичкиот опонент“. И тоа мотивираше огромен број Македонци да гласаат за ВМРО, и еден добар дел од тие од СДСМ да не гласаат за СДСМ и да отидат и да речат „па и Максо е наш, ќе си гласам за Максо“, рече Тодоров.

На „факторот Максо“ посочи и Гордан Георгиев од Форумот за разумни политики, но падот, според него се должи и на разочараноста на граѓаните од неуспешните политики на СДСМ.

Тука е и факторот ЗНАМ, каде што многумина, претпоставка е ова, ние сме сѐ уште во маглата, дека многумина поддржувачи на СДСМ како бекап варијанта го имаа Максим Димитриевски и партијата ЗНАМ, која што исто така неочекувано доби голем број на гласови за така мала партија. Се случи симптом на длабока и континуирана разочараност на политиките на СДСМ која што е врзана со неуспехот во европската агенда, или несмасноста во водењето на приказната околу ЕУ агендата, и еден акумулиран отпор кај граѓанството вклучително и кај членовите на СДСМ кон разно разните малтретирања кои што етничките Македонци ги чувствуваа на патот кон таа ЕУ, кој што патем не е отворен, рече Георгиев.

Георгиев смета дека „арогантноста“ на ДУИ неблагодарно се поврзува со владата на Димитар Ковачевски, посочувајќи дека таа му е наследство од неговиот претходник, Зоран Заев.

Тоа во новата гарнитура и со новиот премиер Ковачевски можеби експлодираше, или се чинеше како да експлодира, но всушност таму се корените. И приказната околу, како да се изразам а да бидам прецизен, игнорирањето на новата динамика кај етничките Македонци, и згуснувањето на етничката мобилизација кај Македонците отаде партиските линии, значи луѓе од СДСМ, ЗНАМ, Левица итн е резултат на поривот на СДСМ да остане на власт, да кажеме, по секоја цена, или по голема цена. Но, и резултат на немањето чувство на ДУИ за тоа како ние ќе ги калибрираме односите во ова општетво на ниво на Македонци – Албанци, смета Георгиев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Едниот за спас на изборите, другиот за мнозинство во Собранието – Ковачевски и Мицкоски бараат масовен одзив на изборите

Дејан Дејан

Агим Красниќи, брат му и уште двајца од кондовската група на меѓународна потерница – МВР доби известување од косовската полиција

Дејан Дејан

Израел ја згасна Ал Џазира – заплена на техничката опрема, симнување од понудата на кабелските оператори и сателити, под блок и порталот на катарскиот медиум

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе