Најмалку 118 затвореници побегнаа од затворот Сулеџа во близина на главниот град на Нигерија, Абуџа, откако поплави предизвикани од поројни дождови ја оштетија затворската установа доцна синоќа.
Тоа го изјави денеска портпаролот на затворската служба. Според него, интензивно се трага по избеганите лица и дека досега се приведени 10 од нив.
Официјални лица не го прецизираа идентитетот или националноста на избеганите затвореници, но во минатото членови на бунтовничката група Боко Харам биле затворени во Сулеџа.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.