Вести Македонија

Врховниот суд утврди Начелен став за објавувањето на донесени одлуки на веб страниците на судовите

Врховниот суд денеска одржа Општа седница на која утврди Начелен став за објавувањето на донесени одлуки на веб страниците на судовите.

Судовите, донесените одлуки (пресуди и решенија) кои не се правосилни и кои се однесуваат на предмети од јавен интерес да ги објавуваат на веб страницата на судот, утврдува Начелниот став.

Начелниот став на Општата седница беше предложен од претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми.

Достапноста до судските одлуки е особено значајно за судската, стручната, медиумската и граѓанската јавност. Со ова, преку конкретно решавање на правното прашање, се исполнуваат целите на транспарентноста, систематизирани во Уставот како највисок правен акт, во нормативната рамка на процесните и системските закони, Европската конвенција за заштита на човековите права и практиката на Европскиот суд за човекови права, образложи претседателката на Врховниот суд.

Врховниот суд го донесе Начелниот став врз основа на член 37, став 1, алинеја 1 и 3 од Законот за судовите, според кои Општата седница утврдува начелни ставови и разгледува прашања во врска со работата на судовите.

Исто така, Општата седница донесе Заклучок за поднесување Иницијатива до Министерството за правда за измени на одредбите од Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Менаџментот на клиниката да го реши проблемот – ДСИ најави контрола на Токсикологија за поплавата

Дејан Дејан

Во ДИК пристигнат само еден приговор за постапката за гласање во Липково

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе