Вести Македонија

МТСП: Извршен е вонреден инспекциски надзор во градинката во Гевгелија, ВМРО-ДПМНЕ да не злоупотребува деца за политички цели

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) остро ги демантира изјавите на член на политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ дека се работи за „брутално претепано дете“ во градинка во Гевгелија и укажува дека децата не смеат да се користат и злоупотребуваат за политички цели.

Од МТСП известуваат дека е спроведен вонреден инспекциски надзор во врска со случајот на, како што нагласуваат оттаму, „претепано 10 месечно дете во градинка во Гевгелија“, како што тоа било пренесено од медиумите, а изјавено од член на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Од инспекторите на терен, а согласно дадените изјави на негователките во групата на деца каде што е посочен немилиот настан, детето се стекнало со гребнатинки при пад во игра со останатите деца. Гребнатините веднаш биле санирани од негователките, а детето продолжило со вообичаените активности, како и сите деца во групата. При увид во листата за евиденција на присутни деца, детето од следниот ден не ја посетува градинката, од причина што по претходна најава кај негователките од страна на родителите отпатувало со мајката во странство“, велат од МТСП.

Оттаму додаваат дека директорката на Јавната општинска установа за деца- детска градинка ДЕТСКА РАДОСТ – Гевгелија, поднела предлог за поведување на дисциплинска постапка против негователките и донела Решение за формирање на комисија за утврдување на повреда на работната дисциплина.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера обвини за брутално насилство врз десетмесечно бебе во гевгелиската градинка „Цветови“, а управата на градинката сакала да го затскрие случајот. Според ВМРО-ДПМНЕ настанот се случил во вторникот, а родителот го пријавил во полиција и го однел на лекар.

Од МВР потврдија дека денеска е пријавен случајот. Станува збор за поднесена пријава од родител од село Брајковци кој кој во пријавата навел дека вработените подолг период ја оставиле неговата десет месечна ќерка без никаков надзор, при што детето се здобило со повеќе повреди. За сличајот е известен и јавен обвинител.

Повредено десетмесечно бебе во гевгелиска градинка – опозицијата обвинува дека градинката го крие случајот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе