Вести Македонија Топ вести

Повредено десетмесечно бебе во гевгелиска градинка – опозицијата обвинува дека градинката го крие случајот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува за брутално насилство врз десетмесечно бебе во гевгелиската градинка „Цветови“, а управата на градинката сакала да го затскрие случајот. Според ВМРО-ДПМНЕ настанот се случил во вторникот, а родителот го пријавил во полиција и го однел на лекар.

Директорката на детската градинка Елизабета Стефановска вели дека детето било повредено при игра со деца и дека не се вклучени вработени. За случајот го информирала МТСП и е отворена постапка. Директорот на Општа болница Гевгелија, пак, изјави дека детето било примено во болница со лесни повреди, гребнатинки.

Од МВР потврдија дека денеска е пријавен случајот. Станува збор за поднесена пријава од родител од село Брајковци кој кој во пријавата навел дека вработените подолг период ја оставиле неговата десет месечна ќерка без никаков надзор, при што детето се здобило со повеќе повреди. За сличајот е известен и јавен обвинител.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ВМРО-ДПМНЕ е стабилно на 59 мандати, СДСМ и ДУИ се тркаат за еден мандат

Дејан Дејан

Касами – Од утре ги почнуваме преговорите за влада со ВМРО-ДПМНЕ

Апасиев: Имаме сигурни шест пратенички мандати, очекуваме уште еден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе