Вести Македонија Топ вести

Проблеми во Град Скопје: Не возат автобусите на приватникот „Макекспрес“, а преку медијаторство ќе се мират директорот на „Водовод“ и Синдикатот

Автобусите на превозникот „Макекспрес“,  од денеска можат да се видат само на слика. Не сообраќаат по улиците на Скопје поради насобран долг од околу 30 милиони денари од ЈСП и од Град Скопје кон овој приватен превозник. Од „Макекспрес“ објаснуваат дека нивните автобуси со броеви 19, 20, 22, 52 и 54 од утрово не собираат патници зашто трошоците кои неделно треба да им се покриваат во висина од околу 50 илјади денари во изминатите три месеци биле намалени на 15 илјади денари, а минатата седмица не добиле ни денари и така се собрал долгот. Затоа велат дека не штрајкуваат , туку се принудени да не возат.

  • Од денеска не сме во можност редовно да ги извршуваме нашите обврски од причини што подолг временски период се провлекува нередовно праќање за нашата извршена работа. И нашите возачи и сопственици на возила не се повеќе во можност да ги танкираат возилата со гориво, нормално да ги одржуваат возилата, да извадат плата и продонеси за возачите. И покрај нашите напори да одржиме средба со претставниците на Градот, тие не вродија со плод- Милорад Димитриевски- косопственик на „Макекспрес“.

Од „Макекспрес“ чекаат средба со градоначалничката Арсовска и со раководството на ЈСП за изнаоѓање решение за проблемот. Додека тоа не се случи, велат дека нивните автобуси нема да се вратат на скопските улици. За разлика од нив , низ градот возат автобуси на приватниот превозник „ Слобода превоз“, зашто од Град Скопје кој им должи околу 700 илјади евра , добиле ветување дека до петок ќе им бидат исплатени средствата. Покрај проблемот со „ Макекспрес“, Град Скопје сеуште не го реши проблемот со в.д. директорот на „ Водовод и канализација“,  Митовски од кого Синдикатот очекува оставка поради кршење на работничките права и притисоци врз вработените. На вчерашниот Извршен одбор на Синдикатот е донесена одлука за започнување постапка за помирување пред  штрајк.

  • Согласно законските процедури и колективните договори , после донесувањето на одлуката за штрајк ќе се достави барање до МТСП за одредување на медијатор кој ќе посредува  меѓу двете страни, во случајот в.д. директорот Маријанче Митовски и Синдикалната организација при ЈП „Водовод и канализација- Скопје“. Тоа медијаторство  трае 10 работни дена. Доколку во тие 10 работни дена се постигне договор , штрајкот нема да се одржи- Столе Кашиковски- СУТКОЗ при ЈП „Водовод и канализација-Скопје“.

Додека трае процесот на медијација вработените редовно ќе ги вршат нивните обврски, дополнува Кашиковски.

Иако Управниот одбор на „ Водовод“ ги укина одлуките на в.д. директорот за разрешување на 93 вработени, од Синдикатот велат дека немаат сознание дека е постапено по нив и дека сеуште е на сила најавата на Митовски за рационализација на работните места со отпуштања. Од Синдикатот бараат разрешување и поради пресудите за Митовски до кои дојдоа, за закана со нож и за тепачка, што според нив значи дека не ги исполнува услови да врши јавна функција.

Иако се обидовме, од Град Скопје останаа недостапни за одговор кога ќе одржат средба со раководството на „Макекспрес“, за надминување на проблемот со долгот и околу одлуката на СУТКОЗ при „Водовод“ , за започнување постапка за медијација пред штрајк за в.д. директорот.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 10 загинати Палестинци, меѓу кои се осум се деца – биланс од ноќните израелски воздушни напади во Појасот Газа

Дејан Дејан

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Менаџментот на клиниката да го реши проблемот – ДСИ најави контрола на Токсикологија за поплавата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе