Вести Македонија Топ вести

Мицкоски го објави референдумското прашање: „Дали сте за напуштање на договорот меѓу Бугарија и Македонија?“

Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ го усвои референдумското прашање. Тоа ќе гласи „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник од 18.01.2017?“

На прес конференција претседателот Христијан Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ поддржува интеграција во ЕУ, но не поддржува асимилација и идентитетско обезличување.

– Доколку се проевропски ориентирани како што велат тогаш ќе дозволат народот да се изјасни по ова прашање и ќе си го каже својот став. Убеден сум дека ќе собереме 150 илјади потписи и се надевам дека собранискиот спикер веднаш ќе ја отпочне процедурата. Верувам дека и голем дел од албанскиот блок ќе покаже солидарност и ќе излезе да даде поддршка со цел да се спречи асимилацијата на македонскиот народ, порача Мицкоски.

Информираше и дека наредната недела ќе соберат најмалаку 100 кваификувани потписи за иницијативата да ја достават во Собранието. По одобрувањето, ќе започнат роковите за собирање потписи за задолжителен референдум.

Референдумксото прашање ќе се однесува на Договорот со Бугарија кој го склучи Заев. Тоа е основата на проблемот. ВМРО-ДПМНЕ ќе повика да се гласа „за“ на прашањето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе