Вести Македонија Топ вести

Македонската армија слави 30 години постоење

Со интонирање на државната химна, на НАТО и на химната на АРМ, но и со едноминутен молк за сите припадници на Армијата кои во изминатите 30 година го дале животот за својата земја, денеска започна одбележувањето 30-ти роденден на македонската армија. Јубилејот на армијата на едно место, во касарната „Илинден“, го собра целиот државен и армиски врв на земјава, дипломатскиот кор, но и гости од армијата на Вермонт.

Припадниците на армијата пак на својот роденден се пофалија со првите шест борбени возила „ЈЛТВ“ од вкупно 96 со кои во наредните години ќе се поднови борбената готовност на АРМ, но и со дефиле на сите армиски родови и прелет на школки авиони и хеликоптери.

На свечноста на првиот министер за одбрана во независна Македонија, Трајан Гоцевки, му беше доделен и орден за заслуги за неговата улога во формирањето на македонската армија, а со ордени се закитија и Логистичката база при Армијата за својат досегашен ангажман во поддршка на командите и единиците на АРМ, како и Организацијата на резервните офицери за јакнење на одбранбената способност на државата за нејзиното 70-дишно постоење.

Шефот на државата и врховниот командант на Армијата, Стево Пендаровски, традиционално на роденденот на Армијата, додели и едно унапредување по чин на Сашко Лафчиски кој од денеска е бригаден генерал, а полковникот Васко Коколански го постави за командант на Командата за обука и доктрини во Генералштабот на АРМ.

„На 18 август 1943 година, борците од неколку партизански одреди се здружија за да го формираат баталјонот „Мирче Ацев“, првата регуларна воена единица на македонската народноослободителна војска која, како дел од антифашистичката коалиција, низ борба ја создаде македонската држава. Како што во Втората светска војна, војската ја создаде државата, во 1992-та, независната македонска држава создаде своја Армија. 18-ти Август е симбол на историскиот континуитет, “, рече Пендаровски на свеченоста.

Јубилејот на построените војници на Армијата од говорницата им го честиташе и началникот на Генераштабот, Васко Ѓурчиновски, кој притоа потсети на зборовите на првиот претседател на независна Македонија и врховен командант, Киро Глигоров од пред 30 години, за кои рече дека денеска се во целост исполнети.

„Од ова место покрај другото истакна: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме. А вие припадниците на армијата имате историска улога во создавањето на тоа време на Република Македонија“, рече Ѓурчиновски.

Современ и модерен безбедносен систем, дел од НАТО силите, за кој се заслужни сите досегашни припадници на Армијата, беа зборовите со кои министерката за одбрана, слвјанка Петровска, укажа што претсатвува АРМ за државата.

„Армијата е еден од столбовите и чувар на државниот суверенитет сиве години. На сите нас ни стои обврската, се што е постигнато во изминатите три децении да биде чувано и надополнувано со поголеми резултати, кои во иднина ќе сведочат за успесите на припадниците на Армијата со кои ќе се гордеат и следните генерации“, изјави Петровска.

На денешната свеченост за 30. роденден на АРМ министерката Петровска му додели и плакета за досегашната соработка и поддршка на АРМ на генерал мајор, Грегори Најт, од Националната гарда на Вермонт.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Силјановска со најмногу донации, Пендаровски со најмалку

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе