Вести Македонија Топ вести

Маричиќ: За имплементирање на препораките од историската комисија рокот е две години

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ оцени дека на институциите во Македонија и Бугарија ќе им бидат потребни две години координација за да ги имплементираат препораките на мешовитата историска комисија. Маричиќ додаде дека има многу процедури кои треба да бидат направени, но за владата е важно да се преточат резултатите во општеството без да се загуби интересот.

Комисија во понеделникот преку Министерството за надворешни работи објави заедничка декларација за чествување на средновековните историски личности Цар Самуил, свети Кирил и Методиј, свети Климент и свети Наум, како и корекции од античкиот период во бугарските и македонските учебници од основно училиште.

Вредно е ако седум врвни историчари кои сме ги поставиле, се согласиле со тој текст, така што ако тоа отвори задничко видување, тоа треба да се почитува. Им веруваме на луѓето кои работат таму. Сѐ што ќе направиме ние, очекуваме тоа да го направи и Софија, рече Маричиќ.

Во врска со процедурата за уставни измени во Собрание, Маричиќ рече дека таа ќе почне во некоја понатамошна фаза, посочувајќи дека скринингот ни дава доволно време да бидат изведени.

Сите опции се на располагање. Ние како Влада ќе понудиме платформа за поддршка на европските интеграции и сигурен сум дека ќе има можност таа платформа да ја подржат широк консензус на пратеници во Собранието, рече Маричиќ во однос на можните опции за обезбедување на двотретинско мнозинство за промена на Уставот за вметнување на Бугарите во Преамбулата.

Според него, тоа нема да биде едноставно, токму заради, како што рече, „овој притисок и премногу пропаганда и лажни вести поврзани со договорот со Бугарија“.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба еднаш да дадат поддршка на нашите стратешки цели. Го пропуштија тоа за НАТО, што е жално за сите нас, но не би требало да го пропуштат за ЕУ. Се надевам дека ќе смогнат сили или како партија или како политички структури да дадат поддршка за овој процес, ние се уште немаме временска рамка, скринингот ни остава доволно простор да делуваме. Ќе работиме на ова интензивно, потенцира вицепремиерот Маричиќ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Силјановска: По политичкиот земјотрес на 24 април, очекувам политички вулкан на 8 мај

Дејан Дејан

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе