Вести Македонија Топ вести

Димитров го оцени предлогот на Пендаровски како нелогичен

Македонија на погрешно место ќе каже „не ни го чепкајте идентитетот“. Вака поранешниот шеф на дипломатијата, Никола Димитров, за Телма го коментираше предлогот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, земјава со резолуција да се обврзе да ги прекине преговорите со ЕУ ако Бугарија или друга змеја-членка повторно го оспорува македонскиот јазик и идентитет. Според Димитров предлогот на Пендаровски е нелогичен.

Џабе ќе ни биде дома тоа да си го ставиме. Ако веќе сакаме нешто да кажеме, мора да го кажеме јасно и гласно во ЕУ. Мора да има официјален документ од наша страна со тие позиции. Нелогичноста на предлогот – тој рече: „Ако Бугарија пак ни го негира идентитетот или било кој друг од земјите-членки, ние само ќе си се повлечеме“. Маката е што Бугарија не се срами и не ја крие таа позиција за македонскиот јазик. Тоа јасно стои во воведната изјава, дека Бугарија ќе си има своја позиција. Ние сега имаме негирање. Која е логиката да почнеме процес, па после ако пак се јави негирање да се повлечеме. тогаш зошто воопшто влегуваме во овој процес сега, вели Димитров.

За темите од францускиот предлог околу кои се крена најмногу тензијата во јавноста – македонскиот јазик и вметнувањето на историските прашања во преговорите со ЕУ, Димитров ги објаснува стапиците во документот. Иако јазикот е запишан со чиста формулација во документот како „македонски јазик“ земјава, како што вели Димитров, Македонија нема луксуз да аверува во добрата волја на Софија, која не ја крие амбицијата за негација на македонскиот јазик.

Немаме гаранции дека при крајот на процесот ова нема да биде, некаков си, нов услов. Инаку точно е во рамката стои „македонскиот јазик“ во чиста една ситуација, а тоа – македонски. Меѓутоа исто така е точно дека Бугарија не ја крие својата резерва и, можеби, кон крајот, ќе го отвори дури и ова прашање, изјави Димитров.

За историските прашања Димитров е дециден, дека со францускиот предлог тие се инкорпорирани во преговарачката рамка за кои ќе известува Европската комисија, поточно, дека тие стануваат европски услови за прогресот на земјава во пристапните преговори со Унијата.

Нашиот напредок кон ЕУ, нема да зависи само од тоа дали се бориме потив корупцијата, туку ќе зависи и од тоа дали историчарите ќе се согласат или не за историскиот наратив по желбите на официјална Софија. И тоа е една од најголемите проблеми во овој предлог, е ставот на Димитров.

Единствената тема за која Димитров се согласува со шефот на државата, во контекст на францускиот предлог, е околу обврската за уставните измени, која Пендаровски ја нарече најголема маана на документот, бидејќи немање 2/3 мнозинство за промена на Уставот земјата самата ќе се блокира меѓу двете меѓувладини конференции со ЕУ за старт на преговорите.

Такво мнозинство сега нема. Како одат политичките околности уште помали шанси по следните избори. Значи ние зборуваме за крупни концеси, неповратини, со голема шанса да бидеме оставени на паркингот, со години, ама со наше гајле, бидејќи нема да има притисок врз никого тоа да се одглави. Притисокот ќе биде кај нас и тоа мислам дека ќе предизвика сериозни политички потреси во државата, па и политички кризи, вели Димитров.

Но ако обврската за уставните измени тој ја смета за слабост, најголемата маана на предлогот е самиот предлог, вели Димитров, бидејќи многу работи го прават нефункционален, ни во делот на уставот, ниту во однос на работата на историчарите, поради што е неспроведлив и лош. Димитров смета дека тоа треба да им се каже на европските парнтери на земјава и да се побара нов функционален договор.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 10 загинати Палестинци, меѓу кои се осум се деца – биланс од ноќните израелски воздушни напади во Појасот Газа

Дејан Дејан

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Менаџментот на клиниката да го реши проблемот – ДСИ најави контрола на Токсикологија за поплавата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе