Вести Култура

Дирекцијата за култура не знае дали Град Скопје ќе го финансира „Скопско лето“

Со намален буџет од Министерството за култура и со неизвесност дали воопшто Град Скопје ќе ги подржи финансиски, Дирекцијата за култура и уметност го организира 43 „ Скопско лето“, кое традиционално започнува на 21 јуни. Директорот на Дирекцијата за култура, на денешната прес конференција кажа дека со претходниот градоначалник Шилегов склучиле договор за двегодишна соработка и лани добиле 1 500 000 денари за „ Скопско лето“.А, поради недостатокот на сретства и неизвесноста околу дотацијата од Градот, годинашново издание на најголемиот летен фестивал во Скопје ќе има само 30- тина настани.

„Кафе киното“ ќе го нема токму заради овие причини. Затоа што драстично се намалени сретставата од Министерството за култура. А, во една голема непознаница сме во однос на подршката од Град Скопје и нешто моравме на жртвуваме – изјави Никола Глигоров, директор на Дирекцијата за култура и уметност.

Во минатото за „ Скопско лето“, Дирекцијата за култура од Министерството за култура и од Град Скопје добиваше по 2 милиони денари, а годинава од ресорот Култура им одобрија  400 000 денари кои за сега се единствена финансиска сигурност. И покрај интензивната комуникација со Градот, останува надежта дека фестивалот ќе биде подржан. Според Глигоров , домашните уметниците не се алчни за пари, повеќе возвраќаат од тоа што ќе го добијат, а третманот кон „ Скопско лето“, треба да се смени зашто на него настапуваат и странски уметници.

Ние комуницираме не само со домашни и со странски уметници. И не може да бидеме третирани само како еден обичен проект . Значи треба да имаме некаква основа за да барем со гостите  од странство, ако веќе нашите уметници  знаат каква е ситуацијава во државата и воопшто во градот, да се обидеме да имаме некаква основа за тоа да го направиме, вели Глигоров.

Од Град Скопје велат дека договорот на Дирекцијата за култура со градот е спорен, како и решението за долгогодишно финансирање, од причина што буџетот и програмата за култура Градот ги носи на годишна основа, па Дирекцијата за „Скопско лето“ требало да аплицира лани на повикот за програмата за оваа година.

Дирекцијата за култура за „ Скопско лето“,се надева на финансиска помош и од Општина Центар.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе