Вести Македонија

Заклучени врати на пленарната сала на Собранието, ВМРО-ДПМНЕ бараше полиција за да ги ослободи за да се пријават говорници

Доцна вечерва во Собранието, во салата каде се одржуваат пленарни седници, беше заклучена вратата за да според спикерот Талат Џафери се пребројат присутните пратеници.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пак оценија дека станува збор за неделовничко делување на Џафери и ограничување на правото на движење.

-Викнете полиција за да знае дека сме заклучени и да не ослободи, повикуваа повеќе пратеници на опозицијата како што се гледа и слуша на видеото објавено на ФБ профилот на пратеникот Миле Лефков.

Пратеникот Мицeвски пак стоеше до заклучената врата, а неколкупати беше прикажана и снимка дека вратата не може да се отвори.

Некои пратенички тропаа по собраниските врати, а на снимката на Лефков се слуша гласна расправија на опозиционерите со Џафери.

Беа прикажани и празните пратенички клупи на владеачката коалиција, а од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека на овој начин со заклучена врата, нивни пратеници нема да може да се пријават за збор на седницата.

Топ Тема: ВМРО –ДПМНЕ бара оставка од Џафери, СДСМ не сака ниту јасно да го осуди неговото однесување

Инцидентот се случи по 22 часот. Претседателот на Собранието.Џафери бараше од опозиционерите да направат список на пријавени за збор по 15 точка – Дополнет предлог на закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Опозицијата реагираше и зошто Собранието продолжува со работа толку доцна.

Состојбата се смири откако службите ги пребројаа пратениците по што вратата на салата беше отклучена. Во салата беа присутни 38 пратеници.

Претседателот на Парламентот Талат Џафери рече дека, согласно Деловникот, Собранието може да работи без кворум, но не може да одлучува.

Претходно координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара да се расправа по првата точка од дневниот ред, Годишен извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2021. Но, немаше услови за гласање по предлогот на Мицевски, поради недоволниот број на присутни во салата.

Околу 23 часот заврши бурниот собраниски ден којшто почна со брифинг на Џафери и повторно одбивање да се извини за неговите пцости и навреди кон собраниските службеници изречени на првиот ден од тековната 71-ва собраниска седница.

Џафери: Пцовките не беа кон вработените, туку кон нивниот однос кон работата што ја имаат

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе