Вести Македонија Топ вести

Бугарски „Дневник“: Ќе објават ли Петков и Ковачевски напредок за можно кревање на ветото?

Средновековните словенски просветители и нивното чествување во Рим како можност да се објави извесен напредок во актуелните модерни односи меѓу Македонија и Бугарија и откочување на процесот за евро-итеграции заглавен со ветото на Софија. Бугарскиот Дневник пишува дека за средбата на Ковачевски и Петков во Рим имало план „двајцата премиери да објават напредок или достигнување со кое може да се крене ветото“. Други детали нема ниту во бугарските ниту од македонските институции. Од владата дури денеска потврдија дека утре попладне во Рим ќе се сретнат Ковачевски и Петков. Без детали за темата и во еден ред. Делегацијата ќе оствари средба со папата Франциск, премиерот Ковачевски ќе се сретне и со италијанскиот премиер Марио Драги, еден ден откако ќе се види со Петков. Во делегацијата ќе бидат тројца министри, Османи, Спасовски и Стојчевска, како и двајца владици Пимен и Јосиф.

На 24 мај официјалниот дел од програмата започнува со оддавање почит пред гробот на Свети Кирил во базиликата Сан Клементе, каде што митрополитите Пимен и Јосиф ќе одржат молебен во чест на Св. Кирил на кој ќе присуствува целата делегација на Република Северна Македонија предводена од премиерот Ковачевски.

Петков пак веќе ќе биде вратен во Софија, но според неговата агенда  наведено е дека ќе се сретне со италијанскиот премиер Марио Драги со кого ќе разговараат и за „актуелни теми од европскиот дневен ред“. Веднаш потоа како претпоследната активност на Петков во Рим е Ковачевски.

По традиционалната посета на базиликата Санта Марија Маџоре, каде папата Адријан Втори ги благословил словенската азбука и книгите, премиерот ќе се сретне со делегација од Република Северна Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски, се вели во соопштението од кабинетот на Петков. 

Во македонската делегација ќе биде и шефот на дипломатијата Бујар Османи кој ќе присуствува на премиерската средба, потврдија од неговиот кабинет.Вицепремиерот Бојан Маричиќ претходно изјави дека постои силна европска иницијатива за откочување на процесот за прва меѓувладина седница, додека во Бугарија напорите на ЕУ-дипломатите ги оценуваат како притисок. Петков побара итна средба на советот за национална безбедност која треба да ја свика Радев за да се расправа за новата ситуација со Македонија, но таа засега не е организирана. Идејата за совет кај Радев, беше критикувана и од коалиционите партнери на Петков, а дури и Генчовска тврдеше дека премиерот нема право да бара такво нешто затоа што нема промени во спорот и ветото ќе остане и во јуни. Генчовска сега и по список е дел и од делегацијата на Петков во Рим, а од македонското МНР очекуваат и таа да учесвува на средбата на двете делегации каде повторно ќе се сретне со Османи.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе