Uncategorized

Ескалираа судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 мртви

Сирените кои предупредуваат на ракетен напад се огласија утринава во Тел Авив. Не прекинуваат експлозиите во Газа. Луѓето и утринава ги слушаат бомбите по тешката ноќ во која се испалија илјадници ракети, загинаа над 40 меѓу нив 12 деца.

Ранети се над 250 цивили, но бројот на загинати сигурно е поголем со оглед на непрекинатотот бомбардирање од двете страни.

Продолжија судирите меѓу Израелците и Палестинците. Израел јави дека во неколкуте воздушни удари врз Газа ги убиле и важните разузнавачки челници на Хамас, кој пак соопшти дека кон Тел Авив фрлиле 130 ракети како одговор на израелскиот напд врз оваа палестинска енклава.

Се урна и зграда од 13 ката во Газа.

Но, најинтензивните пукотници се во градот Лод, каде живее мешано арапско и израелско население. Тука е прогласена вонредна состојба. Ситуацијата е налик на граѓанска војна, откако арапските жители наводно сквернавеле синагога и ја запалиле. Запалени се десетици автомобили и искршени се излози на продавници.

Две згради се урнати, а една од бомбите погоди автомобил во кој беа татко и 12-годишна ќерка. Луѓето се евакуирани и чекаат да прекинат насилствата. Но, според израелскиот премиер, тоа тешко ќе се случи уште некое време.

Ги завршивме консултациите, и проценкта на ситуацијата со челниците на одбраната и донесовме одлука. Хамас и исламскиот џихад ќе платат и ви кажувам сега ќе платат висока цена за нивната агресија. Ви велам вечерва – нивната крв ќе остане на нивните раце, се закани Нетанјаху.

Од Хамас велат дека не се повлекуваат и ќе продолжат да враќаат. Но, во централен Ерусалим, луѓето излегоа на улица. Доста е со насилството, порачаа на протестите.

“Сакаме да кажеме, ве молиме запрете го насилството. Доста ги земате животите на луѓето. Не сакаме повеќе, од ниту една страна. Мора да преговараме. Мора да разговараме и да го прекинеме ова насилство. Му служи некому, и не сакаме на никој да служиме. Сакаме само да живееме мирен живот” – вели Дана Афрон.

Насилствата следат неколку недели тензии во Ерусалим, што кулминираше во понеделникот, кога повеќе од 300 Палестинци беа повредени во судирите со израелските безбедносни сили пред џамијата Ал-Акса.

Ова е најжестоката размена на огнот помеѓу Израел и Хамас од војната во Газа во 2014 година и меѓународната заедница стравува дека ситуацијата би можела да излезе од контрола. За попладне е закажана итна седница на Советот за безбедност на ОН, на барање на неколку земји. Во понеделникот Советот не успеаа да се договори за заедничка изјава.

Источен Ерусалим е во срцето на Израелско-Палестинскиот конфликт затоа што и двете страни полагаат право врз него. Израел го анектираше во 1980 и Ерусалим го смета за свој главен град, иако најголемиот дел од меѓународната заедница не го признава како таков.

Палестинците пак од друга страна, се надеваат дека Источен Ерусалим ќе биде главен град на нивната независна држава.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе