Вести Магазин

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Велигденските празници се на прагот, а неизвесноста околу тоа какви јајца да варосаме, а притоа да заштедиме време е голема. Секоја домаќинка има за цел да се покаже во најкреативно светло и да ги маѓепса гостите со избор на јајца кои ќе ги красат коншичките, поставени на трпезите за  претстојните празници.

Постојат многу техники кои традициоално се користат за варосање на велигденските јајца, како што е техниката со тревки, желатин, кристали, но од година во година ваквите начини може да станат досадни за окото на човекот, па затоа постојат и безброј алтернативи.

Еден од познатите начини за варосање е мермерната техника, односно мермерни јајца, кои се добиваат со помош на обична боја за јајца, која се става на претходно сварено јајце, кое потоа со пипета се капнува со прехранбен оцет, за да истата боја се распрска. По сушење на јајцата истите се премачкуваат со зејтин.

Друга необична техника е со сода бикарбона. Постапката е иста, се става боја наменета за јајца, заедно со сода бикарбона и на неа со пипета се ставаат капки од оцет, по сушењето истите се премачкуваат со зејтин.

Декупаж техника е една од најзастапените техники , се смета дека е користена уште многу одамна, а истата плени со елеганција и интересен колорит. Ако имате дома салфетки, истите ќе може да ги искористите. Салфетките се одделуваат по слоеви, понатаму јајцето се премачкува со белка од јајца и на неа се лепи слојот од салфетката.

Ориз техниката е една од наједноставните, ако сакате да заштедите време и да го избегнете нередот. Во една пластична ќеса ставете доволно ориз со кој би можеле да работите, ставете прехранбена боја и неколку капки оцет, па на крај ставете го јајцето и втријте го за да остави отпечатоци.

Без разлика на начинот на варосање,се подразбира дека ќе донесете радост и колорит во вашиот дом, будејќи насмевка кај вас и вашите домашни. Креативноста е олицетворение на секој човек, па затоа и истата треба да се негува.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе