Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

ДУИ смислија ново правило за влез во влада по секоја цена?!

„Не е важно само кој ќе освои мнозинство од 61 пратеник, туку и кој ќе има мнозинство по Бадентер“. Ова е најновиот аргумент со кој ДУИ се обидуваат по секоја цена да влезат во новата влада.

Откако стана јасно дека, доколку ВМРО ДПМНЕ победат на изборите, нема да го почитуваат принципот на „победник со победник„ што еднаш веќе го прекршија од ДУИ, и постојано нагласуваат дека албанската опозиција им е поскакуван партнер, интегративците се повикуваат на правило што не го пишува во ниту еден закон.

Османи беше дрзок со новинарите кои го прашаа, во кој закон го пишува ова, затоа што го нема, ни во Уставот, ни во Закон за влада, ни во Закон за Собрание, туку се вели дека тој што има мнозинство пратеници, составува влада.

Од „Вреди“ не се изненадени од овие изјави на ДУИ. Подготвени се да седнат со победничката партија во македонскиот блок и да ги договорат деталите за влез во новата влада.

Претседателот на СДСМ ја осуди националистичката реторија и апелира да се почека резултатот од изборите.

Од ВМРО ДПМНЕ исклучуваат соработка со ДУИ. Ова денеска го повтори и потпретседателот Александар Николоски, кој во радио емисија рече дека, „со Али Ахмети е исклучена секаква соработка во која било варијанта, во која било форма и на кој било начин“.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе