Кошарка Спорт

Бостон ја заврши работата против Мајами, Далас со победа од 30 разлика во Лос Анџелес (ВИДЕО)

Бостон се пласираше во полуфиналето од плеј-офот во Источната конференција во рамки на НБА-лигата. Селтикс славеа победа од 118-84 против Мајами за вкупни 4-1 во првата рунда. Џејлен Браун и Дерик Вајт со по 25 поени беа најефикасни кај домашните, додека во редовите на Хит најмногу се истакна Бам Адебајо со 23 поени. Мајами во оваа серија беше исклучително ослабен поради неиграњето на првата ѕвезда Џими Батлер, а повреден беше и Тери Розиер. Селтикс во полуфиналето ќе играат со подобриот од дуелот помеѓу Кливленд и Орландо, а Кавалирс имаат предност од 3-2.

Далас ги прегази Клиперс и тоа во Лос Анџелес со 93-123 за водство од 3-2 во Западната конференција. Лука Дончиќ имаше 35 поени, 10 асистенции и седум скока и беше најзаслужен за најубедливиот плеј-оф пораз во историјата на Клиперс. Макси Клебер имаше 15 поени, а Кајри Ирвинг 14. Кај поразениот тим не настапи повредениот Каваи Ленард, па Пол Џорџ и Ивица Зубац беа најефикасни со по 15 поени. Следниот натпревар се игра во Далас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Пет натпревари суспензија за Мадибо по тешката повреда на Коне

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе