Вести Свет

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Во идниот период, Американците ги очекува засилена предизборна кампања за претстојните претседателски избори кои ќе се одржат овој ноември во САД. Медиумите се меѓу први, во борбените редови кога е во прашање филтрирањето на информации. Сепак според анкетите за доверба во медиумите и новинарите, повеќето испитаници се сомневаат во вистината на известување.

Дури 53 отсто од анкетираните велат дека се крајно или многу загрижени дека медиумите ќе пренесуваат лажни вести и дезинформации за време на изборите во ноември. Околу 42 отсто мислат дека вештачката интелигенција ќе го заземе своето место, наместо просечниот новинар.

Четириесет и седум отсто од Американците рекле дека се загрижени, затоа што веруваат дека вестите ќе објават информации што не се потврдени или проверени, а 44 отсто веруваат дека точните информации ќе бидат претставени на пристрасен начин што оди во прилог на едната или на другата партија.

Половина од испитаниците одговорија дека секогаш или често добиваат вести за изборите од поголемите медиуми. Во севкупност анкетата покажа дека половина од испитаниците рекле дека имаат умерена доверба во информациите кои ги соопштуваат локалните медиуми во делот на претстојните избори, а само околу десет отсто се изјасниле дека имаат целосна доверба во нив.

Околу 60 отсто од владејачката Демократска партија се изјаснија дека најмалку се потпираат на најголемите национални медиуми кога се во прашање вестите за изборите. Додека над 48 отсто од приврзаниците на опозициските републиканци и 34 отсто од приврзаниците на независните кандидати го делат истото мислење покажа истражувањето.

Покрај неточностите, многумина изразија голема загриженост за изборните вести кои премногу се фокусираат на поделби или спорови, или на тоа кој би можел да победи или изгуби.

Повеќето Американци велат дека во вестите сакаат да слушнат за вредностите на кандидатите и нивните различни позиции, како и за клучните општествени прашања, за да може да донесат одлука за кого да гласаат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе