Вести Економија

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Со реализација од само 40 проценти на капиталните инвестиции вие не можете да очекувате поголем економски раст, согласни се економските експерти кои во вечерапното издание на Вин Вин ги разгледуваат предизборните програми на политичките партии. Професорите Дарко Лазаров и Абил Бауш забележаа дека партиите наместо неосновани бројки, во своите програми треба да се фокусираат на објаснување на политиките кои ќе ги имплементираат за да се зголеми економскиот раст.

Економската логика е, порача универзитетскиот професор Абил Бауш, морате да инвестирате ако сакате да имате економски раст.

Кругман беше во Македонија и ни рече „со ваква инфраструктура вие не можете да имате економски развој“. Ако ние разговараме за економски раст од 1 до 3 отсто, тогаш не ни треба власт, тоа е проста економија. Нас не ни треба централна економска власт којашто ќе ни генерира економски раст од 1 до 3 посто. Самата економија, самата администрација, самите ние ќе го постигнеме тој економски раст. Затоа таа визија на тие капитални инвестиции, на коишто ние стратешки треба да допринесеме тие целни да бидат, ние ќе имаме економски раст. Вака звучи многу проста формулата. Првото што се прави при ребаланс на буџетот е кратење на капиталните инвестиции. Затоа ние не можеме да бидеме конкурентни со останатите држави, рече професорот Бауш.

Според него не е потребно никакво обемно истражување за да откриеме каде треба да се инвестира, пред се во инфраструктурата и образованието, додаде професорот Бауш.

Професорот Лазаров го посочи примерот со просечната плата, односно ветувањето на СДСМ за зголемување на просечната плата на 1.100 евра во следните четири години. Моменталната просечна плата изнесува околу 550 евра, што според професорот Лазаров, ќе значи дека таа за четири години треба да се удвои, а пак од друга страна во фискалната стратегија на државата се предвидува годишен раст на просечната плата од 7 проценти.

Не постои земја во светот, и никакво искуство ниту пак во теоријата постои тоа. Платите можат да растат на одржлив основ, тие можат да растат вештачки со стимулирање од државата со одредени краткорочни мерки. Меѓутоа, не можат да растат на една одржлива основа ако тие не се поврзани со продуктивноста, и тогаш доаѓаме до моментот, каде што практично е најголемиот проблем за македонската економија. Кога зборуваме за продуктивноста треба да анализираме неколку аспекти. Првиот апсект е инфраструктурата, зошто зборуваме за инфраструктура? Вие не можете да имате продуктивност, да бидете конкурентни на странските пазари ако ги немаат истите услови како нив.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе